Уставниот суд без одлука за членот 353 од Кривичниот законик за злоупотреба на службена положба

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука, туку судија решија да имаат подготвителна седница со експерт, во однос на членот 353, став 5 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената положба при јавни набавки, пренесе Телма.

Шетсмина од судиите беа за, да има подготвителна расправа, а двајца беа против , со образложение дека веќе долго време оваа точка е отворена пред Уставниот суд и дека има реферат од судијата известител, со кој се предлага да не се поведе постапка за иницијативата.

Но, сепак мнозинството од судиите иако рекоа дека се согласуваат со предлогот на судијата известител, сметаат дека е добро за ова битно прашање кое предизвикува јавен интерес да се слушнат и мислењата на еспертите.

Во текот на седницата имаше несогласувања меѓу судиите. Дел тврдеа дека предходно на работниот состанот никој не бил против, а денеска на седница велат дека нема потреба од подготвителна седница, со што одлуката се одложи.

повеќе

Back to top button
Close