Директорот на Управата за финансиска полиција заработил кривична пријава
Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на службата се трите дела поради кои директорот Муареми добил приватна кривична пријава. Кривичната пријава е доставена и до ОЈО.

Претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по пријава од група граѓани изврши претрес во Управата за финансиска полиција. По претресот Управата поднесе претставка до јавниот обвинител затоа што наредбата не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена.
Според Управата, со наведените дејства била нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава”






