(Видео) Гори траект со 300 луѓе во близина на брегот на Шведска


Голема спасувачка операција е во тек во близина на шведскиот брег, каде што гори ферибот со 300 луѓе, соопштија шведските поморски власти.

-Има пожар на палубата за автомобили“, изјави за AFP портпаролот на шведската поморска управа, Јонас Францен, додавајќи дека три хеликоптери и седум пловни објекти се испратени на местото на настанот и дека започнала евакуација на бродот.

Засега нема информации за повредени, а причината за пожарот се уште не е позната.

-Пожарот е под контрола, изјавил за АФП портпаролката Лиза Мјорнинг.
Бродот Stena Scandica се наоѓал во близина на островот Гоцка Сандон во близина на југоисточниот брег на Шведска.

 

Back to top button
Close