Настап на Констракта за почеток на „Звукот на Скопје” на 16 и 17 септември

На 16 и 17 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи најновото издание на фестивалот „Звукот на Скопје”, кое во петок (16 септември) на платото пред Филхармонија го организира концертот на Констракта и земља грува.

Следуваат настапите на Дина Јашари и бендот „Хајка”, низ чаршијата ќе бидат бендот „Вива стрингс” и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо” ( Diaz Wojtas Duo), а во галериите на КИЦ ќе може да се погледне изложбата „Македонија” (MASEDONIA) од бразилските уметници Даниел Kастинет ( Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto).
На Плоштадот „Мајка Тереза”, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко и неколку локации во чаршијата и следниот ден ќе бидат локациите на кои ќе се одржат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања.

-„Љубојна”, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла”, „Foolish Green”, „Брука бенд” ќе настапат на плоштадот „Мајка Тереза” ( пред Филхармонија), а во паркот Ибни Пајко ќе се претстават бендовите „Баклава”, Дориан и Добрила, „Перија”. Во рамките на таа сцена ќе се одржи и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија”, а публиката ќе има можност да ја погледне и изложбата на колажи на Игор Калц, истакна Антонио Димитров, директор на КИЦ, кој го најави најновото издание на Фестивалот.
„Звуците на чаршијата” е фестивал кој се реализира 16 години наназад и чија функција беше заживување на чаршијата како културна локација. Сметаме дека фестивалот по 16 години како да ја исполни својата улога и чаршијата денеска е едно живо културно и туристичко јадро и сега малку по малку ќе се префлриме на некои други локации во градот кои би ги заживеале во културен контекст.

Back to top button
Close