Гир за иницијативата за референдум: Да се избегнува се што може да ја попречи евроинтеграцијата

Европската Унија не гледа со наклонетост на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум против Договорот со Бугарија. Евроамбасадорот Дејвид Гир, во интервју за „360 степени“, вели дека „добрососедските односи се суштински дел од пристапниот процес и ЕУ неколкупати кажа дека Договорот за добрососедство со Бугарија, како и Преспанскиот договор, треба да се имплементираат во добар дух од сите“.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, во интервју за „360 степени“

„Секоја иницијатива што би можела да биде назадување и со тоа да го попречи патот на земјата во ЕУ-интеграциите, навистина би требало да се избегнува“ вели Гир.

Во првото интервју дадено по завршување на летните одмори и во пресрет на забрзување на скрининг-процесот, амбасадорот на ЕУ зборува за потребата од запазување на моментот со јулското отворање на преговорите, од обединување на сите домашни сили и фокусирање на заедничката цел – зачленување на ЕУ што е можно поскоро.

…

Повеќе

Back to top button
Close