Арсовска: Им дадов избор на директорите да си дадат оставка или да бидат разрешени

После оставките на директорите на ЈП Градски паркинг и депонијата Дрисла, се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која вели дека им дала избор или да си дадат оставка или да бидат разрешени.

„Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени.

Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери.

Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани“, напиша градоначалничката на Град Скопје, Арсовска на социјалната мрежа Фејсбук.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close