Не планирам оставка, а финансиската полиција и ОЈО истражуваат во Водовод, вели Арсовска
Oд вчера во јавното претпријатие ЈП Водовод и канализација – Скопје се врши проверка на работата од страна на Управата за финансика полиција и Основноот јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, рече Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 .

– По мои информации, од вчера е влезена финансиска полиција и ОЈО за организиран криминал. Си постапуваат по допрен глас, рече Арсовска на прашањето дали институциите го испитуваат случајот по оставката на директорот Златко Перински за наводно своеволие во тендерот за пречистителна станица за повеќе од 100 милиони евра.
– Не, апсолутно, за оставка, вчера можеа да почнат од себеси и. Имам уште три и пол години без саботажи. Останува совеста на советниците на Град Скопје и нивниот разум да ги оддржат проектите, во спротивно, нивна е одговорноста.Секој може да одлучи во чиј интерес сака да работи, тие не се мои проекти, тие се на граѓаните, изјави Арсовска.






