Kовачевски го осуди отварањето на клубот Цар Борис
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва го осуди отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети” во Охрид.
– Го осудувам отворањето на тој културен центар со такво име, иако го имаат отворено граѓани на нашата држава. Сметам дека тоа е провокација, која никому не му носи добро. Сметам дека отворање културен центар треба да носи име на некој кој зближува, а не на некој кон кој граѓаните во оваа држава имаат негативни чувства, не само Македонците, туку доминанто и Евреите бидејќи знаеме што се има случено со еврејската заедница во нашата држава во Втората светска војна. Треба да се има почит од организаторите на тоа здружение – изјави вечерва Ковачевски во интервју на ТВ21.
Премиерот смета дека тоа се мали групи кои имаат, како што рече, некакви свои, лични интереси во формирањето клубови со такви имиња.