Македонија по третпат понижена во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа уште еден пораз, трет во ова издание на Лигата на нации, откако загуби на Националната Арена Тодор Проески од Шкотска со 0-2. Боуви во шестата минута и МекГин од пенал во 70.минута беа стрелци на головите за Шкотите, а Македонија повторно не успеа да ја затресе противничката мрежа.

Селекторот Гоце Седлоски не беше задоволен од случувањата на теренот, па веќе во 30-та минута ги извади од игра Лука Станковски и Себастијан Ерера кои веројатно се почувствуваа понижени на јавна сцена.

Првото полувреме од фудбалскиот натпревар од Лигата на нациите меѓу Македонија и Шкотска ќе се памети по кучето кое се појави на теренот на стадионот во Скопје. Настанот ги изненади, но и ги насмеа фудбалските фанови.

Случката стана вирална на социјалните мрежи, а информации околу неа објавија и странските медиуми.

Back to top button
Close