ВМРО ДПМНЕ го третираше РЕК како златна кокошка.Директорот на комбинатот бара извинување за клеветење
Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски денеска изјави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ има какви било индиции за незаконско работење, наводите да ги достави до надлежните институции, а не од партиска говорница, како што рече, да шири лаги и манипулации за работата на Комбинатот.
Никој, а најмалку политичка партија, која РЕК Битола го третираше како златна кокошка, не смее да шири лаги и невистини за работата на комбинатот од кој зависи судбината на Македонија. Барам извинување од Стевче Антовски во рок од 24 часа. Во спротивно РЕК Битола ќе поднесе тужба за клевета. Секој што ќе излезе на партиска говорница со цел да ја оцрни работата на над 2.000 луѓе во РЕК Битола мора да има барем ронка одговорност за јавно кажаното, вели Матевски.