(ВИДЕО) Новинар му даде леб и фискална сметка на Ковачевски за да му докаже дека цените не се намалени

Новинар од телевизија Алсат, на денешната прес-конференција во Владата, на премиерот Димитар Ковачевски му даде леб и фискална сметка со цел да му покаже дека нема ништо од поевтинувањето на основните производи кои премиерот и министерот за економија изминатите неколку недели ги најавуваа. 

Новинарот рече дека лебот го купил 10 минути пред да почне пресот и посочи дека цената на истиот леб пред три недели била 51-52 денари, а денеска лебот чинел 51 денари.

Ковачевски го зеде лебот од новинарот, како и фискалната сметка. Премиерот само кратко му одговори дека и тој го купува истиот леб и дека знае колку е цената.

Министерот за економија Крешник Бектеши на 10 ноември најави дека цените на основните прехранбени производи во наредните 10 дена ќе се намалат.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close