СДСМ- Во Скопје владее хаос поради неспособноста на ВМРО ДПМНЕ
„Во Град Скопје продолжува хаосот поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоаначалник Христијан Мицкоски. За една година ВМРО-ДПМНЕ комплетно го блокираше животот и развојот во главниот град.
Го претворија Скопје во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат основните функции за граѓаните. Скопјани се оставени без јавен превоз, ЈСП тонe во долгови, а ништо не е подобра ситуацијата и во други јавни градски претпријатија“, се наведува во партиското соопштение.