Почна оддавањето почит на папата Бенедикт, илјадници луѓе во Ватикан

Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска.
Вратите на базиликата денеска ќе бидат отворени за јавноста од 9 до 19 часот, a утре и задутре од 7 до 19 часот.