Француски епидемолог очекува делотворна вакцина против Ковид-19 најрано во 2022 година
– Францускиот епидемиолог Арно Фонтане не очекува дека целосно делотворнаа вакцина против коронавирус ќе биде достапна пред 2022 година.
– Развојот на вакцина, по правило, трае неколку години. Би бил изненаден ако имаме ефикасна вакцина во 2021 година, изјави Фонтане за телевизијата БФМТВ.
Советникот на француската Влада ги повика граѓаните да одржуваат растојание и да ја сфатат пандемијата многу сериозно.
Фонтане рече дека граѓаните ќе треба да живеат со коронавирусот долго време и затоа е потребно да се придржуваат кон мерките.
– Ајде да се придржуваме до правилото за држење дистанца ова лето – барем тоа, рече тој, додавајќи дека најголемата опасност доаѓа од големите собири.