Осум дена притвор за Mарјан Доказ

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство кое бараше притвор за сопственикот на портал осомничен за четири дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

Како што информираат од Кривичниот суд во Скопје, на осомничениот му е одреден притвор од осум дена.

По барање на ОЈО-Скопје, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа е извршен претрес во домот  каде престојувал осомничениот, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци.

Медиумите синоќа објавија дека по налог на Обвинителството бил извршен претрес во домот на сопственикот на „Доказ м“, Марјан Стаменковски во скопската населба Влае.

Back to top button
Close