Земјотрес од 4,2 степени во БиХ

Умерен земјотрес неколку минути по полноќ го погоди подрачјето на Босна и Херцеговина (БиХ).

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот со јачина од 4,2 степени бил на 55 километри од Тузла, односно 13 километри од Градачац, на длабочина од два километри.

Засега нема информации за некаква материјална штета.

 

 

Back to top button
Close