Утрово најстудено во Берово со -3 степени, во текот на денот температурата ќе достигне до 19 степени

Утрово најниска температура од -3 степени е измерена во Берово, додека во Лазарополе и Битола се измерени -1 степен. Во Попова Шапка, Струмица и Скопје – Петровец температурата изнесувала 0 степени, информираат од УХМР.
Температури од 1 степен се измерени во Демир Капија, Крива Паланка, Тетово и Маврови Анови, додека во Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје – Зајчев Рид и Кавадарци се измерени 2 степени. Во Виница и Гевгелија утрово се измерени 4 степени.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови, каде се измерени 6 литри на метар квадратен. Во Охрид наврнале 5 литри, а во Попова Шапка и Прилеп по 4 литри на метар квадратен.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта, претежно во западните делови, се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер, кој попладне наместа повремено ќе биде засилен до силен, претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 15 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне до 15 степени.






