Сузан Рајс ја напушта функцијата советничка на американскиот претседател
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека неговата главна советничка за внатрешна политика, Сузан Рајс, ќе ја напушти функцијата следниот месец.
Како директорка на Советот за домашна политика на Белата куќа, Сузан Рајс имаше големо влијание врз политиките на администрацијата на Бајден за здравствена заштита, имиграција.
Според американски медиуми, тоа е изненадувачки потег на Рајс, која беше советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама и служеше како амбасадор во Обединетите нации – единствената личност која некогаш ги имала двете позиции.
Во тие улоги, таа тесно соработуваше со тогашниот американски потпретседател Џозеф Бајден и беше на потесниот список на кандидати за негов потпретседател кога тој се кандидираше за шеф на државата во 2020 година.
Како советник за внатрешна политика на Бајден, таа беше под постојан напад од опозициските републиканци и го надгледуваше формулирањето на голем број извршни наредби и законодавни иницијативи на Бајден, вклучително и оние за здравствена заштита, поседување оружје, расна еднаквост и обновување на инфраструктурата во САД.
Таа значително придонесе за политиката на Бајден за миграција преку границата меѓу САД и Мексико, за која активистите за правата на мигрантите тврдат дека се наклонува кон десно и не е во согласност со предизборните ветувања на претседателот да ја направи политиката похумана.
Нејзиниот последен ден на работа ќе биде 26 мај