(ВИДЕО) Филмски грабеж во Париз – Украле накит „Булгари“ и побегнале со мотори
Тројца вооружени крадци денеска попладне ја ограбиле скапата златарница „Булгари“ на плоштадот Вендом во Париз.
Тие потоа успеале да побегнат со два мотори, а полицијата интензивно трага по нив. Напаѓачите биле маскирани и носеле оружје.
Вредноста на украдениот накит се уште се утврдува.
Отворена е истрага за вооружен грабеж во соучесништво.
Според очевидци, двајца разбојници удриле чувар. Третиот ги чувал големите црни мотори кои биле на тротоарот пред златарницата.
Во септември 2021 година златарницата беше мета на разбојници, кои одзедоа стока вредна околу 10 милиони евра.