Малолетник влегол во училиште во Белград и почнал да пука, го убил чуварот има и повредени
Малолетник утринава околу 8 часот влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и почнал да пука со пиштол во учениците, пренесува Новости.
![]()
Утрово имало пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, јавуваат српските медиуми.
Четиринаесетгодишен ученик од седмо одделение утринава околу 8 часот влегол во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград и почнал да пука со пиштол во учениците, пренесува Новости.
Телеграф пишува дека на терен се брзата помош и полицијата.
Според првите неофицијални информации, повредени се пет деца.
Во моментов на местото на престрелката има неколку полициски патроли!
Во сила е полициската акција Вихор.
Нова.рс пишува дека ученикот наводно пукал во поранешната учителка и чуварот кој бил убиен.






