Две девојчиња повредени во напад во училиште во Берлин

Берлинската полиција соопшти дека две мали деца се тешко повредени во напад на училиште во јужниот дел на германскиот главен град.
Повредени се девојчиња на возраст од седум и осум години. Едно од нив е во животна опасност.
Полицијата соопшти дека привела и еден осомничен. Засега нема повеќе детали за случајот.






