Дедо на едно од починатите девојчиња низ солзи пред училиштето: „Се уште мислам дека ќе ми се јават дека дошла дома“

Дедото на едно од девојчињата кои беа убиени во ходникот на училиштето „Владислав Рибникар“ дојде да им оддаде почит на трагично загинатите деца и на чуварот Драган Влаховиќ, човекот кој ги дочекувал испраќал од училиштето.

-Се уште мислам дека не е вистина, ќе ми кажат дека си дошла дома. Наместо внуката да ме закопа јас треба да ја погребам… убавата одбојкарка на дедо ми. Не знам како ќе живееме сите. Се спреми внуката на дедо, сабајле облече фустанче, и отиде да се слика – вели неутешниот дедо за српска Република додека ги прелистува фотографиите од својата внука на телефонот.

 

Back to top button
Close