Мајка на едно од убиените девојчиња во Белград: Ја испратив во училиште и никогаш повеќе нема да се врати. Мојот живот нема смисла
Седум девојчиња, едно момче и вработен во обезбедувањето настрадаа во вчерашниот масакр кој го изврши 13-годишник во Белград. Од Србија пристигнуваат голем број на потресни сведоштва, а едно и на мајка на едно од убиените девојчиња.

„Ја загубив ќерката. Ја испратив во училиште и никогаш повеќе нема да се врати. Повеќе немам ништо и мојот живот повеќе нема смисла“, рече мајката по што седна на тротоарот и почна да плаче, во придружба на нејзина пријателка.






