Турција: Над 1,7 милиони луѓе на митингот во Истанбул

На помалку од една недела до претседателските и парламентарните избори во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган одржа голем митинг вчера во Истанбул на кој присуствуваа најмалку 1,7 милиони луѓе, јавува Анадолу.

Ердоган ги поздрави присутните на митингот во Истанбул и потсети на достигнувањата на неговата влада во последните 21 година.

Турскиот претседател рече дека неговата влада тројно го зголемила националниот приход во текот на изминатите 21 година. „За 21 година обезбедивме работа и храна за 21 милион луѓе придодадени на нашето население. Изградивме 10,5 милиони нови домови за 21 година и им обезбедивме на семејствата дом.“

Тој ја критикуваше турската опозиција поради нејзината непријателска реторика за домашните беспилотни летала и борбените дронови, и вети дополнително зајакнување на одбранбената индустрија на земјата.

Back to top button
Close