Видео: Протест „Србија против насилството“, организаторите тврдат дека има 50.000 луѓе на улица

Протестниот митинг на опозицијата „Србија против насилството“ по повод масовните убиства во Србија се одржува во Белград. Најпрво пред Народното собрание беа прочитани барањата на опозицијата, по што започна маршот кон Владата на Србија. Организаторите објавија дека, според проценките на полицијата, на улиците на Белград се собрале повеќе од 50.000 луѓе. Во повеќе градови во Србија се одржуваат протестни собири.
Организаторите најавија дека собирот ќе се организира без говори и обраќања, а на почетокот ќе бидат прочитани барањата на организаторите, за што на властите им е даден рок до петок, 12 мај.
Организаторите изјавија и дека протестот го организираат за да не се повторат трагичните настани „кои го зацрнија општеството“ во Србија
„Драги мои сограѓани, нѐ собра една страшна трагедија. Сите се прашувавме што ни се случи. Сите чувствувавме гнев, беспомошност и тага. Ти не си сам. Ние си должиме да објасниме зошто сме овде денес. Веќе не можеме да чекаме, предолго молчиме, свртевме на друга страна, дека некој друг ќе ги реши сите проблеми на општеството. Трагедија нè удри право во лице, па сега е времето. Тука сме затоа што сакаме да живееме без страв, сакаме безбедни деца и училишта за сите деца. Сакаме емпатија, а не омраза. Тука сме затоа што веруваме дека можеме да сочувствуваме. Ова е прашање над се` политика, рече па додаде: „Ќе ви ги прочитам барањата на Србија, која се обедини против насилството: итно разрешување на сите членови на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), прекин на националната фреквенција за PINK и Happy, разрешување на министерoт Братислав Гашиќ“.
— Arsil (@arsagarson) May 8, 2023






