Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски
-Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите. Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат и дека вчера на фер, слободни и демократски избори, народот јасно му го покажал патот и дека државата, граѓаните, продолжуваат напред по исправниот, вистински пат. Според нив, СДСМ е победникот, а ВМРО-ДПМНЕ се тие што загубиле.