Мајката ги посетува нотарите СО ЕДНО БАРАЊЕ: Семејството на Коста К.прави се да си го заштити имотот. Спремни се и да го подарат
Освен мајката на детето убиец за преносот на имотот се распрашувал и неговиот татко Владимир Кецмановиќ кој барал да му донесат нотaр во притворот каде што е сместен откако неговиот син го направи монструозниот злочин и уби 10 соученици и чуварот на школото Владимир Рибникар на Врачар во Белград.
Фамилијата на детето убиец, како што пишуваат медиумите во Србија, на чело со неговата мајка Милијана Кецмановиќ прави се да го заштити нивниот имот за што потврда е што таа по страшниот злочин тргнала да го обиколува нотарските канцеларии во Белград со цел целиот имот да го префрли на нејзини блиски роднини, дознава Блиц.
Според тие информации таа му дала полномоштво на нотарот нејзиниот дел од имотот да го префрли на нејзин близок роднина.
Се појавила во неколку нотарски канцеларии но сите ја одбиле, вели за Блиц извор близок на истрагата.
За префрлање на имотот се распрашувал и таткото на детето убиец, Владимир Кецмановиќ кој побарал во притворот каде што е сместен да му донесат нотар.
Меѓутоа отуѓување на имотот, префрлање на друг или продавање со одлука на Вишиот суд во Белград им е забранет.
Адвокатот на фамилиите чии деца беа убиени побарал од судот на таткото на детето убиец да му се забрани да располага, да го продава или оптоварува недвижниот и движниот имот во кој се еден стан и деловни простории во Белград и патничко возило.
Во случај тој да биде осуден целиот имот ќе му биде одземен за подмирување на оштетните побарувања на семејствата на убиените деца.
На таткото на детето убиец на товар му се става кривичното дело- тешко дело против општата сигурност за кое казната е 12 години затвор.
13 годишниот Коста Кецмановиќ НА 3 минатиот месец со пиштол застрела 10 свои соученици и чуварот на училиштето во Белградската населба Врачар. Тој бидејки нема наполнето 14 години според законот неможе да одговара кривично и сместен е на психијатриско оделение во болница во Белград и е изолиран од другите пациенти.