Спасовски: Има простор да се проверат финансиските текови за сопственоста на Дрин Ахмети во Соравиа
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека податоците кои се изнесени според кои внукот ан Али АХмети се стекна со 39 отсто од сопственоста на трговскиот центар „Соравиа“ има простор да се направи проверка на финансиските текови. Тој ова го кажа во одговор на новинарско прашање сдали МВР ќе провери како Дрин Ахмети се стекна со 39 проценти од Соравиа.

„Ова се податоци и информации кои што даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови. Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи надлежни институции за спроведување на законот и да се проверат сите овие факти и аргументи“, изјави Спасовски по конференцијата и дебатата за борбата против семејсното насилство.






