СЕЛОТО ГОРИ, А БАБА СЕ ЧЕШЛА!

Определбата на МПЦ-ОА да се занимава со ЛЏИБИТИ заедницата многу потсетува на познатата синтагма со која е насловен написов. МПЦ-ОА организира парада против ЛЏИБИТИ заедницата и на тој начин додатно ги комплицираа и продлабочијаи проблемите во државата и општеството. Челниците на МПЦ-ОА ја поканија Исламската верска заедница во РМ да се придружи на протестите што ги организира МПЦ-ОА, меѓутоа, ИВЗ културно се заблагодари на поканата, и одби да учествуваат на протестите!? Тоа покажува дека ИВЗ, за разлика од МПЦ-ОА, има мудри луѓе кои знаат да размислуваат и да донесат мудри одлуки! МПЦ-ОА води сметка само за Македонците со православна вера, додека целосно ги игнорира Македонците и останатите кои припаѓаат на други верски заедници. Челниците на МПЦ-ОА прават голема грешка со тоа што црквата ја поистоветуваат со државата, иако меѓу нив постојат суштински разлики. Државите се субјекти кои се пошироки и покомплексни категории од религиите. Во земјите од Западот постојат голем број верски заедници, но, сите тие се идентификуваат со името на државата. Во САД има луѓе со различни раси, бои на кожата, националности, политички и идеолошки определби и слични обележја, но сите се граѓани на Америка, односно Американци. Состојбите во Европа, а посебно на Балканот се сосема поинакви. Најбројната нација е носител на државата, а останатите имаат третман на малцинства. Во тие земји проблем настанува кога националните малцинства не се согласни со ваквиот третман и покажуваат интерес за приклучување кон матичната држава, што мошне често било повод за војни. Познато е дека германската држава ја создал познатиот „железен“ германски канцелар Бизмарк, кој успеал да ги обедини 15-те германски покраини и да создаде моќна германска држава. Познато е исто така дека меѓу Франција и Германија се воделе повеќе вековни војни кои се окончани со идејата за обединета Европа за што посебно голем пдидонес имале големите француски и германски државници, Шарл де Гол и Конрад Аденауер. Германците и Франузите сега се главен мотор за развојот на интегрираната Европа. Цврсто сум убеден дека, доколку на Балканот се појавеше габаритен државник како Бизмарк, балканските држави и народи ќе имаа сосема поинакав траекторија и немаше да се случат војните што се водеа на просторите на поранешна Југославија, па ни актуелната војна во Укарина!
Кон крајот на осмата деценија од минатиот век патував со воз од Белгрд за Скопје во исто купе со професор по социологија на скопскиот универзитет, кој во разговорот што го имавме мошне убаво објасни дека исламот во Босна и Херцеговина го прифатиле најогатите слоеви за да ги зачуваат привилегиите, додека во Македонијс исламската рекигија ја прифатиле најсиромашните слоеви за да преживеат. На таа основа се прават конструкции дека тие луѓе ја „продале“ верата за торба леб и поради тоа често пејоративно се нарекуваат торбеши. Овие луѓе поради прагматични причини ја промениле веарта, но не и нацијата! Починатиот професор по етнологија на скопскиот универзитет Нијази Лимановски до крајот на животот се залагаше за признавање на Македонците со исламска вера како припадници на македонската нација. Почина релативно млад, разочаран поради игнорантското однесување на македонските политичари и челниците на Македонската православна црква кон Македоците со исламска вера! Политичарите и челниците на МПЦ водеа апсурдна политика согласно која Македонци се само оние чии ииња се христијански и чии презимиња завршуваат на ОВ или СКИ. За да ги признае како припадници на македонската нација МПЦ бараше од нив да се вратат под крстот. Со ваквото однесување на политиката и црквата Македонците со исламска вера беа претворени во лесен плен на мудрите албански политичари, кои со раширени арце ги прифатија и на тој начин вештачки го зголемуваат бројот на Албанците во РМ и го користат како битен статистички фактор за остварување на политички цели. По пописот на населението и имотот во РМ во 1992 година, бројот на Албанците во Македонија, со разни уцени, манипулации и притисоци, беше зголемен на 24%. А германскиот весник БИЛД напиша дека реално бројот на Алабнците во РМ е 17% од вкупното население.. На последниот попис во РМ, пак процентот на учеството на Албанците во РМ, со силни уцени, притисоци и манипулации, беше зголемен на преку 30“%! Албанците карикираа со таканаречениот балансер, така што велеа дека нивното учество во вкупното население треба да биде многу поголемо од 30%!? Заменикот на макеонскиот премиер кој се однесува како вистински премиер, додека формалниот премиер, за да се одржи на власт, тогашниот политички дилетант, кој формално беше премиер прифати барањето на Команаднтот, односно на неговиот коалициски партнер Албанците во РМ да добиваат македонско државјанство со двајца сведоци! Меѓутоа, никогаш не беше објавен бројот на Албанци кои добиле македонско државјанство на овој начин!
Претседателот на Заедицата на Македонците со исламска вера Исмаил Бојда апелира до македонските политичари да престанат да ги игнорираат и да ги признаат како интегрален дел од македонската нација, но, за жал, ни неговите апели не ги разбираат и не ги прифаќаат македонските политички шупелки! Наместо да ја проучат и да ја применат политиката на Албанија за националното паршање, која е базирана на синтагмата АЛБАНИЗМОТ Е ЕДИНСТВЕНА РЕЛИГИЈА НА АЛБАНЦИТЕ македонските политичким дилетанти не гледаат како мудрите Албанци им ја крадат државата и во неа формираат трета албанска држава!. Тоа јасно и оторено го призна и поранешниот министер на Република Албанија Спартак Нѓела.
Морам јасно да кажам дека сум крајно разочаарн од македонската политичка багра која си умислува дека се политичари, а се заитересиарни само за нивните лични интеерси, за пари и за привилегии, а не гледаат дека државата незапирливо пропаѓа! Македонската држава ја создадоа македонските комунисти, со поддршка и помош од Тито и важни меѓународни фактори, меѓу кои и синот на Винстон Черчил, Рандолф Черчил, а по нејзиното осамостојување упорно и системтски ја разгардуваат нивните потомци предводени од еден итар и стар комунист „ладнокрвен антимакедонец“ (Проф. Нестор Огинар).
Скопје, 6 јули 2023 година
Коста Стоименовски






