ИМА ЛИ СПАС ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?

Уште на почетокот би сакал да кажам дека сум песимист, но би бил многу среќен ако грешам! Голем број внатрешни и надвоершни фактори не се благонаклони кон Македонија, но, постои мал број моќни странски фактори кои се заинтересирани за нејзиниот опстанок поради нивни гео-политички интереси и потреби.
По крахот на комунизмот/социјализмот најголем проблем на РМ беше тоа што не се појави харизматичен лидер со демократско педигре и со визија за иднината на државата и народот, а на чело на државата се најде стар суетен и егоцентричен комунист, кој водеше сметка само за неговите лични интереси, за слава, за привилегии и за пари, а не за интересите на државата и народот!
Крахот на комунизмот беше најголема победа на Западот во милениумската историја на светската цивилизација. Иако во почетокот се воздржуваше од каква било еуфорија поради триумфалната победа, Западот мошне вешто ја искористи победата за остварување на неговите цели и интереси. Последниот советски лидер Михаил Горбачов упорно се залагаше за обединување на Европа, која би се простирала од Лисабон до Владивосток, потоа за изградба на Заеднички европски дом во кој би имало „соба“ и за Советскиот Сјуз и наивно веруваше дека Западот ќе му помогне да го трансформира Советскиот Сојуз во демократска и просперитетна држава. Дворските игри на Кремаљ, а посебно амбициите на Борис Елцин да биде лидер на Русија, додатно го забрзаа распадот на Советскиот Сојуз, на Варшавскиот Пакт, на Советот за заемна економска помош (СЕВ) и на социјалистичката заедница. Конзервативните советски кругови со неколку дневниот притвор на Горбачов извршија државен удар, меѓутоа, на инсистирање на Западот беше ослободен, но, без шанси за неговото враќање на моќната позиција, лидер на Советскиот Сојуз.
Поранешните социјалистички земји, а посебно оние кои припаѓаа на западното христијанство, по крахот на комунизмот и по распадот на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот пакт видоа шанса за враќање на милениумските традиции на западното христијанство и договорија платформа за нивниот забрзан прием во НАТО и тогашната Европска Заедниаца, подоцна ЕУ. На иницијатива на харизматичниот полски лидер Александар Квашњевски беше создадена Вишеградската група, во која учествуваа Полска, Унгарија и Чехија, кои беа примени во НАТО во 1999 година, односно на петдесет годишниот јубилеј на оваа воено-политичка организација. Останатите седум поранешни социјалистички земји беа примени во НАТО и ЕУ во 2004 година, а Бугарија и Романија беа примени во 2008 година. Поради познати историски околности најголеми отпори кон зачленувањето во НАТО имаше во Бугарија, каде што бугарското општество е длабоко поделено, што најдобро го покажуваат реултатите од неколкуте избори кои се одржани во оваа земја во последните две години.
Југославија предводена од Тито успеа во светот да се афирмира како земја која гради „суи генерис“ совцијализам, кој се разликува од „реалниот социјализам“ на социјалистичките земји од источна и централна Европа. Политиката и науката создадоа илузија дека Југославија, за разлика од земјите на „реалниот“ социјализам, гради социјализам со „човечки лик“, меѓутоа, ваквото верување се покажа како голема илузија. Социјализмот како систем почна да зарибува во средината на осмата деценија од минатиот век кога социјалистичките земји беа предводени од геронтократи кои не беа подготвени за какви било промени со кои би ја загубиле власта и привилегиите! Постојат индикации дека нивната политичка елиминација е сторена со тесна соработка на советските и американските безбедносни служби, односно КГБ и ЦИА. Најголеми противници на промените беа лидерите на Романија, Бугарија, Унгарија и Германската Демократска Република, Чаушеску, Живков, Кадар и Хонекер. По елиминацијата на спомнатите лидери, новите лидери на поранешните социјалистички земји се изјаснија за зачленување во НАТО и тогашната Европска Заедница, сега ЕУ.
Случајот со Југославија е посебна приказна, која битно се рззликува од останатите социјалистички земји кои беа подготвени за промени на системот, кои им овозможија зачленување во НАТО и ЕУ! Во Југославија, за жал, не постоеше консензус на поранешните југословенски републики за промена на системот, туку на преден план се наметна прашањето за промена на нивните граници што доведе до првите крвави војни во Европа по Втората светска војна! Српскиот лидер Милошевиќ распадот на Југославија го виде како шанса за дефинитивно решавање на српското прашање со создавање на држава во која би живееле сите Срби. Позната е приказната за салфетката на која се цртани границите меѓу Србија и Хрватска, вклучувајќи ја и поделбата на Босна и Херцеговина. Политиката на Милошевиќ доживеа вистинско фијаско. Србите беа протерани од Хрватска, војната во БиХ однесе повеќе од 200 илјади жртви, а голем број граѓани од оваа поранешна југословенска република емигрираа во земјите од западна и северна Европа. По бомбардирањето на СРЈ од НАТО во 1990 година, Косово беше одземено од Србија, кое во 2008 година се прогласи за независна држава, која се уште не е широко меѓународно призната.
По војните на просторите на поранешна Југославија, Западот немаше визија за надминување на тешките проблеми кои беа создадени со распадот на социјализмот и југословенската федерација. Словенија и Хрватска јасно прокламираа дека се определени за создавање на независни држави и за нивно зачленување во НАТО и ЕУ. Европскта Унија формира меѓународна комисија на чело со Бадинтер, која имаше задача да утврди која од поранешните југословенски републики ги исполнува условите за признавање и за етаблирање како независни држави. Во Извештајот на оваа комисија е децидно наведено дека од сите југословенски републики само Република Македонија и Словенија ги исполнуваат условите за признавање и етаблирање во меѓународните односи. Меѓутоа, Република Македонија имаше несреќа со определбата на српскиот лидер Милошевиќ за свој намесник во РМ да го назначи Коро Глигоров, со цел да го спречи нејзиното меѓународно признавање и излегувањето од идната скартена Југославија (без Словенија и Хрватска) на чие чело би бил Глигоров! Меѓутоа, со цел да ги запре војните кои се водеа на просторите на поранешна Југославија, Западот зазеде категоричен став дека нема да признае промена на границите на поранешните југословенски републики, кои се определија за создавање на независни држави. Калкулантската политика на претседателот Глигоров придонесе не само за губење на исклучително позитивните референци содржани во Извешатјот на Бадинтер, туку со деструктивниет политики на соседните земји и моќни домашни фактори сериозно е загрозен опстанокот на РМ! Ја користам и оваа пригода да нагласам дека кардинална грешка на претседателот Глигоров беше тоа што не ја прифати понудата на еминентниот македонски, југословенски и светски дипломат Лазар Мојсов да и помогне на РМ! Мојсов беше личен и семеен пријател на американскиот претседател Џорџ Буш-постариот, кој по уривањето на Берлинскиот ѕид суверено доминираше на светската политичка сцена и можеше да даде непроценлив придонес за признавањето и етаблиарњето на РМ во меѓународните односи. Историската наука треба да заземе јасен став и да утврди кој треба да сноси одговорност за дереџето на кое е доведена РМ!
Скопје, 4 август 2023 година
Коста Стоименовски






