Зошто седиштето на партијата на Меџити се наоѓа во простории на бизнисмен близок со ДУИ?

Промоцијата на новата политичка партија Демократдка Партија на Изет Меџити се случи на 13 август – датумот кога беше потпишан Охридскиот рамковен договор.

Со новиот субјект Меџити планира да учествува на наредните избори како дел од опозицискиот фронт, односно како оштар противник на довчерашната негова партија.

Меѓутоа во јавноста сеуште се присутни дилемите дали Меџити ги подели патиштата со ДУИ, или патиштата пак ќе им се сретнат после парламентарните избори.

Овие дилеми, како што дознава Либертас, се актуелни повторно откако се појавија информации дека сопственик на просториите каде што е седиштето на Демократското Движење, е фирмата Игнација од Битола.

Во тоа немаше да има ништо спорно, доколку не стануваше збор со фирма која е блиска со ДУИ, и која добива тендери во општини и институции што ги шредводи ДУИ.

“Дали станува збор за продолжување на контактите воспоставени од порано, пред Меџити да на формира новата партија, или станува збор за нешто друго?”, прашуваат нашите извори.

Инаку, пратеникот и поранешен висок функционер на ДУИ Изет Меџити, сегашен претседател на Демократското Движење, беше еден од предводниците на „огнената група“ во ДУИ која јавно изрази револт од актуелните функционери на оваа партија на чело со првиот вицепремиер Артан Груби. Откако имаше разидувања и во редовите на „огнените“ кога дел од нив се спротивставија на формирање нов политички субјект, Меџити со останатите го најави формирањето на новата партијата.

И во Собранието заедно со Мерита Коџаџику, тој излезе од пратеничката група на ДУИ и двајцата дејствуваа како независни, до формирањето на новата партија. Со нив е и Кастриот Реџепи кој по разидувањето со Беса првично дејствуваше како независен, а набргу потоа се приклучи кон пратеничката група на интегративците.

Back to top button
Close