Видео: Во авионска несреќа загина шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во Русија, а во авионот загинаа уште девет лица.
Во авионот „Ембраер“, кој се движел од Москва кон Санкт Петербург, имало седум патници и тројца членови на екипажот, јави ТАСС.
Според извештаите авионот се урнал во областа Твер, северно од Москва.
.Авионот летал од Москва за Санкт Петербург.
Од Министерството за вонредни состојби соопштуваат дека се работи за деловен авион Embraer ERJ-135, додека на Телеграм канал 112 е наведено дека регистарскиот број на авионот е RA-RA-02795. Тој бил во роднинска врска со Евгениј Пригожин.
Телеграмскиот канал Сива зона, поврзан со Wagner PMC, тврди дека Embraer Legaci 600 бил „соборен со оган од противвоздушна одбрана во Министерството за одбрана на Руската Федерација во областа Бологовски во Тверската област“.
Пригожин, за кој се верува дека бил на летот, го сподели своето прво видео обраќање по прекинатиот јунски бунт пред само два дена.
Тој навидно се обрати од Африка и најави целосно ослободување на овој континент.
⚡️Пригожин значился среди пассажиров разбившегося самолёта в Тверской области, сообщает Росавиация.
Близкий к «Вагнеру» канал Grey Zone утверждает, что бизнес-джет был сбит системой ПВО pic.twitter.com/CztRLErdJi
— Ёшкин Крот (@yoshkinkrot) August 23, 2023






