Болсонаро: Се чувствувам многу подобро со хидроксихлорокин

Болсонаро, кој е позитивен на коронавирусот, зема лек против маларија по препорака на воен лекар.

Сепак, резултатите од британско истражување покажаа дека лекот не е ефикасен во лекувањето пациенти со коронавирус, објави Би-Би-Си.

Заклучено е дека нема корисен ефект на хидроксихлорокин кај пациенти хоспитализирани со Ковид-19 и лекот бил повлечен.

Светската здравствена организација претходно ги предупреди луѓето да не се лекуваат сами со овој лек поради можни проблеми со срцето. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close