Документи

Не знам дали да разбирам или да не разбирам. Јас имам 71 година. Роден сум во Скопје. Првата лична карта ја добив на адресава на која и ден денес живеам 60 години. И сите останати продолжувања на сите документи. Сега, заради само една додавка во името на државата во документот, било кој документ, треба да ја повторам истата постапка како и првата лична карта. Еве зошто не разбирам. Зошто во МВР огромниот службенички сектор не го отвори мојот профил и ги изработи сите документи? Треба да промени само еден збор во името, Северна. Се останатото е исто. Потоа, ме иформира, господине повелете да ги подигнете вашите нови документи на тој ден. Понесете ги старите документи за споредување. И уплатете толку и толку за пластиката што ја потрошивме. Дали ова е возможно? Сигурно дека е. Ако може на 1,2..3 проценти од “важната”популација во државава да им ги носат на рака во нивните канцеларии, итекако е можно да му се олесни и на обичниот граѓанин.
Знаете што се реформи? Реформи се подобрување и олеснување на секојдневниот живот на граѓанинот. Оваа држава нема ниту желба, нити капацитет за реформи.
Руди Лазаревски






