Над 5 000 луѓе се претпоставува дека се загинати по рушењето на браните во Либија

Над 5 000 луѓе се претпоставува дека се загинати, а 10 илјади се водат како исчезнати откако обилните дождови во североисточна Либија во невремето кое предизвика катастрофални поплави и доведе до уривање на две брани.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на владата на истокот на Либија изјави дека бројот на загинати во поплавите во градот Дерни во источна Либија се искачи на 5 200 лица, додека директорот на болницата изјави дека има 2 200 загинати.

Владини претставници велат дека бројот на загинати може да се искачи и над 10 илјади, а истиот број го споменуваат и од Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Тамер Рамадан, шеф на делегацијата на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Либија, рече дека бројот на загинати е огромен.

Во источниот град Дерна, кој претрпе најголемо уништување, дури 6 000 луѓе се уште се водат како исчезнати, изјави за либиската телевизија Алмасар Отман Абдулџалил, министер за здравство во источната администрација на Либија.

„Болниците во Дерна повеќе не работат, а мртвачниците се полни. Телата беа оставени пред мртвачниците на тротоарите“,изјави Осама Али, портпарол на службата за брза помош, пренесува Си-ен-ен.

Мохамед Камати, волонтер во Дерна, рече дека спасувачките екипи сè уште трагаат по жртви.

„Ги повикуваме сите млади Либијци, секој кој има диплома или каква било медицинска припадност да дојде и да ни помогне. Имаме недостиг од медицински сестри, потребна ни е помош“изјави Камати за Ројтерс.

САД, Германија, Иран, Италија, Катар и Турција се меѓу земјите кои рекоа дека испратиле или се подготвени да испратат помош.

Експертите за инженерство на брани за Би-би-си велат дека најверојатно прво се урнала браната на околу 12 километри од Дерна, по што водата ја зафатила долината и стигнала до втората брана што се наоѓала поблиску до градот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close