Изет Меџити го киднапираше Кастриот Реџепи, открива Села
Не ги коментиравме случувањата во Демократската унија за интеграција по појавувањето на „Огнената група“, бидејќи не сакавме да ја играме улогата на портпарол, вели пратеникот и поранешен лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села.
Тој во гостување во емисијата „Клик плус“ на 21ТВ, обелодени дека пратеникот Изет Меџити, сега лидер на Демократско движење, непосредно пред гласањето за доверба на Владата го киднапирал пратеникот Кастриот Реџепи, кој сега едел од неговата партија.
-Дали го киднапираше или го однесе дома пратеникот Реџепи и тоа во време кога опозицијата требаше да има 61 пратеник. Ова не е сега моја работа туку е работа на ДУИ. АА не е вмешана во ова работа бидејќи е внатрепартиско прашање – рече Села.