Приведено лице од радовишко, предизвикало пожар кај „Раклишки чаири“
Во полициската станица Радовиш денеска е приведен Ф.Б.(70) кој се сомничи дека го предизвикал пожарот на местото викано „Раклишки чаири“.
Пожарот беше предизвикан во вторникот при што беше опожарена сува трева и дрва.
Како што соопшти МВР, лицето го признало делото и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.