ВИДЕО: Шакира го “опеа“ и својот поранешен свекор

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира објави нова песна под наслов „El Jefe“ („Шефот“), но иако зборува за работничката класа и експлоатацијата кон нив – најголемо внимание привлече стихот посветен на нејзиниот поранешен свекор.

„Велат дека нема зло што трае повеќе од сто години, но мојот поранешен свекор е сè уште тука и не стапнал в гроб“, се вели во песната.

Во овој дел од видеото, танчерите ѝ ја покриваат устата на Шакира, како да сакаат таа да не го спомнува тоа. Инаку, таткото на поранешниот опруг на пејачката, Жерар Пике, Жуан е бизнисмен и управува со компаниите на својот син… Па така, многумина претпоставуваат дека Шакира можеби укажува дека и тој ги искористува своите работници.

Шакира ја сними песната заедно со мексиканската група „Фуерза регида“. За шест часа од пуштањето, видеото собра речиси три милиони прегледи

Back to top button
Close