35 годишен маж загина во пожар во стан во Хром

Едно лице загина во пожар, кој денеска избувна во стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром.

Маж на возраст од 35 години почина во пожар што утринава изби во стан во скопската населба Хром, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека утрово, во 9:35 часот имале пријава за пожар.

– Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со пламен кој излегуваше надвор од прозорците, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна единица Звонко Томески.

На местото биле илезени и екипи на итната медицинска помош, а нема други повредени лица.

Back to top button
Close