Шефот на суданската армија подготвен за мировни преговори со бунтовниците

Шефот на суданската армија Абдел Фатах ал-Бурхан изјави дека е подготвен да разговара со командантот на бунтовничките Сили за брза поддршка (РСФ), Мохамед Хамдан Дагал.

Тие ги предводат конфликтните сили во Судан, а од април во ескалацијата на насилството, според Обединетите нации, загинале повеќе од 5.000 луѓе, јави Би-Би-Си.

Генералот Бурхан, кој ја презеде власта со државен удар во 2021 година, во интервју за Би-Би-Си за време на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк негираше дека неговата армија убива цивили. ОН и другите меѓународни организации тврдат дека двете страни неселективно напаѓаат цивили и цивилната инфраструктура.

Тој рече дека е уверен во победа, но призна дека бил принуден да го пресели своето седиште во Порт Судан бидејќи борбите во главниот град Картум оневозможиле владата да продолжи да функционира.

Back to top button
Close