Фотогалерија- Ковачевски објави фотографии од состанок на СДСМ вечерва на кои Заев седи до него

СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат.

Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока – да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г.

Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации.

Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина.

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на фејсбук објави фотографии од вечерашниот состанок на како што напишал стратешкиот тим. Интересно е пто на фотографиите е и екс премиерот Зоран Заев кој седи до Ковачевски. Еве пто покрај фотогалеријата од состанокот напишал Ковачевски.

Фотогалеријата најверојатно имаа и друга цел- да се елиминираат шпекулациите во јавноста дека Зоран Заев работи во интерес на Христијан Мицковски и бил близок со него и со ВМРО ДПМНЕ а во СДСМ Заев бил фракција која работи против сегашниот лидер Ковачевски

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close