Сончев и топoл ден
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието (каде на места ќе има брзина и над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност.
Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во четврток и петок ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.