Шпански експерт смета дека маски треба да се носат и дома

– Маски треба да се носат дури и дома, ако сте со луѓе со кои не живеете, изјави денеска здравствениот функционер од регионот на Мадрид, Енрике Руиз Ескудеро, иако призна дека не постои начин да се спроведе таква препорака.

Шпанија веќе има најстроги европски правила за маски, во Мадрид тие се задолжителни секаде на јавни места, освен ако луѓето се надвор и можат да држат метар и половина растојание.

Во повеќето делови на земјата, маските мора да се носат на јавни места, без оглед на безбедно растојание, но одлуки за носење маски дома не се донесени.

– Од претпазливост, препорачуваме да носите маски на приватни простори кога има состаноци или собири на луѓе кои не живеат заедно, рече Ескудеро на прес-конференција.

– Сметаме дека тоа е важно, со оглед дека повеќето жаришта се случуваат на семејни или пријателски состаноци или на прослави на луѓе кои не живеат заедно, посочи тој.

Back to top button
Close