Дали петок 13 е навистина баксузен ден?

Многумина веруваат дека петок 13-ти носи лоша среќа. Ги истраживме причините за ова суеверие и што (лошо) всушност се случило на тој ден.

Има многу обиди да се протолкува суеверието поврзано со петок 13. Еден од нив се заснова на фактот дека тринаесетти во месецот и петок – долго време се сметаат за симболи на лоша среќа.

Несреќниот број 13 во митологијата и религијата

Не е познато зошто, но бројот 13 веќе долго, долго време се смета за несреќен. Веројатно затоа што е првиот број по бројот 12, а бројот 12 има посебно значење во многу култури. На пример, има 12 хороскопски знаци, 12 месеци во годината, 12 часа дневно, 12 богови на Олимп, 12 апостоли во христијанството.

Злобниот 13-ти бог Локи
Злобниот 13-ти бог ЛокиФотографија: CPA Media Co. Ltd/picture alliance

Еднаш одамна на север… 12 богови седеа заедно и ја оплакуваа смртта на нивниот омилен бог Балдур. Локи, богот на огнот во германската и нордиската митска култура, пристигнал како триесетти и токму тој бил одговорен за смртта на Балдур. А, сепак ги исмевал другите богови, па тие го оковале за карпа. Локи толку се разлутил па се заколнал на одмазда и, според нордиската митологија, го поттикнал крајот на светот, Рагнарок. Долго време 13 на германски значеше – ѓаволска дружина.

Документ за Темпларите Ватикан
Документот за Темпларите се наоѓа во архивата на ВатиканФотографија: Imago Images

Во Новиот завет се вели дека имало 12 луѓе на последната вечера – Исус и неговите 11 ученици. Тринаесеттиот што дошол бил Јуда. Тој го предал Исус и донел несреќа.

И зошто петок се смета за несреќен ден?

Петок има посебно несреќно значење во христијанството. Адам и Ева, според верувањето, го пробале забранетото овошје во петокот. А, Исус е распнат во петок, Црн петок.

Петок тринаесетти

Како петокот и бројот 13 на крајот се поврзаа не е сосема јасно.

Постои теорија дека петок 13-ти како несреќен ден потекнува од колапсот на берзата: во Германија тоа навистина беше во петок на 13 мај 1927 година, а во САД тоа се случи во четврток на 24 октомври 1929 година. Така што ова објаснување е само делумно точно.

Еден од првите забележани историски настани што се случи во петок на 13-ти беше апсењето на сите членови на редот „Витези Темплари“ низ цела Франција, наредено од францускиот крал Филип IV на 13 октомври 1307 година. Налогот за апсење на големиот мајстор Жак де Моле, кој живеел во Париз, исто така е извршен на 13 октомври 1307 година. Оваа акција на крај довела до укинување на Темпларскиот ред од страна на папата.

Дело на Леонардо да Винчи во Милано
L’Ultima Cena, дело на Леонардо да Винчи во МиланоФотографија: R. Goldmann/picture alliance

Креатор на денешното суеверие во врска со овој датум може да се смета Томас Вилијам Лосон од САД, кој на крајот на 19 век стана мултимилионер благодарение на берзанските шпекулации. Во 1906 година го напишал берзанскиот роман „Петок тринаесетти“, кој излегувал во продолженија во многу дневни весници, а во 1907 година бил објавен како роман и преведен на многу јазици. Тој не знаел за падот на берзата во 1920-тите. или во 1987 година. Она што е малку застрашувачко, сепак, е тоа што бродот именуван по него потонал во близина на брегот на Англија во сабота на 14 декември 1907 година. Сè уште беше петок 13-ти во САД.

Сепак, нема потреба да се грижите…

„На тој ден се трудам да не правам важни работи. Дефинитивно нема да летам во петок на 13. Но, морам да одам на работа“, вели Сузан Ојен. Таа мисли дека петок 13 и онака е чуден ден. Таа има лошо чувство за тој датум иако никогаш ништо лошо не и се случило.

„Во принцип не сум суеверна. Црна мачка на пат, скршено огледало – сето тоа се лудости. Но, сепак читам хороскоп. Кога станува збор за петок 13, сепак сум претпазлива, иако не знам која е причината“.

Сузане мисли дека не е суеверна, а сепак ги поместила важните термини – што е сигурно, сигурно е.

Петок 13-ти.
Петок 13-ти.Фотографија: Bildagentur-online/Ohde/picture alliance

Не може да се најде рационална причина за страв. Статистиката покажува дека во петок на 13-ти има ни повеќе ни помалку сообраќајки од другите денови.

Сепак, многу хотели немаат соба со број 13, некои авиони немаат 13-ти ред седишта, а 13-те катови во зградите се означуваат поинаку. А, петок 13 е крајно непопуларен како датум за свадби.

Постои и научно име за стравот од бројот 13: трискаидекафобија. Трискаидека е старогрчки збор за бројот 13. Постои и име за стравот од петок 13-ти, кој потекнува од современиот грчки јазик. Зборот Paraskavedecatriaphobia е составен од зборовите paraskave (петок) и dekatria (тринаесет).

Арнолд Шенберг
Арнолд ШенбергФотографија: APA Publications Arnold Schönberg Center/dpa/picture-alliance

Пронаоѓачот на музиката од дванаесет тонови, Арнолд Шенберг, е роден на 13 септември 1874 година и имал ужасен страв од бројот 13. Наводно бил убеден дека ќе умре во година поврзана со бројот 13. Астрологот дури го предупредил кога ќе наполни 76 години, бидејќи бројките 7 + 6 прават 13. Шенберг умре – во петок на 13 јули 1951 година – на 76-годишна возраст.

 

Back to top button
Close