Владата ќе ги корегира платите на функционерите
Вицепремиерот Фатмир Битиќи за време на гостувањето на 24 Вести рече дека ќе предложат закон за корекција на платите на функционерите.

Тој најави законско решение со кое ќе се изврши корекција на Законот за плати за избрани и именувани лица со цел како што рече носење поправедно решение, со кое би се ослободиле средства кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за најранливите катерогии.
Владата задолжила четворица министри да оформат нови антикризни мерки.
Битиќи објасни дека со пренамената на буџетот ќе има нови околу 70 милиони евра за нови антикризни мерки и дека за неколку дена пред јавноста ќе биде презентиран новиот пакет






