Груевски и Јанакиески куртулија од затвор за уривање на Космос: И одбраната и обвинителот побараа застарување на ТНТ

И одбраната на обвинетите и застапникот на обвинението на денешната јавна седница на Апелациониот суд побараа судот да прогласи апсолутна застареност на ТНТ за уривањето на станбено-деловниот комплекст Космос на Фијат Цановски во Општина Гази Баба.

Адвокатот на одбраната Еленко Миланов по јавната седница изјави дека побарале согласно измените на Кривичниот законик од септември годинава судот да утврди дека настапила апсолутна застареност на кривичното гонење во однос на сите обвинети.

– Истото го побара и застапникот на обвиненеието во неговото произнесување, кој повика судот по службена должност да го примени поблагиот закон и да донесе одбивателна пресуда – изјави адвокатот Миланов пред судот.

Тој додава дека согласно Законот з акривична постапка, Апелацискиот суд сега треба да ја преиначи првостепената пресудата, на тој начин што ќе донесе пресуда со која се одбива обвинението поради апсолутна застареност.

– Дали тоа ќе го направи по повод жалбите или по службена должност, тоа е одлука на судот – додаде Миланов.

Во врска со обвинувањата за судски преседан што викендов ги изнесе Фијат Цаноски кој тврдеше дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата „ФИНЕ“ нема да ја добие оштетата од 11 милиони евра, колку што е утврдено во првостепената пресуда, адвокатот Миланов вели дека таквите изјави се притисок врз судот.

Во првостепената пресуда за ТНТ за уривањето на „Космос“ поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на девет години затвор, а ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески на три години затвор. Обвинетата Елисавета Најдовска е осудена на четири години затвор, а исто толку доби и Тони Трајковски, поранешен градоначалник на општина Гази Баба.
Ним им се судеше за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а според обвинението во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на станбено-деловниот комплекс.

Цаноски како сопственик на компанијата „ФИНЕ“ вчера на прес-конференција обвини дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата нема да ја добие оштетата.

– Судијата известител и претседател на советот Ѓоко Ристов наместо да постапи согласно одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП) за предметот и да закаже интерен термин за советување и гласање по предметот, тој закажува нова јавна седница за 6 ноември, со цел, знаејќи дека ако таа се одржи, тогаш Советот ќе мора да донесе само една единствена одлука, да констатира застареност за кривично гонење спрема обвинетите и „ФИНЕ“ засекогаш да остане без својата отштета од 11 милиони евра – рече Цаноски.

Поранешниот министер Јанакиевски на првата јавна седница на Апелација процени дека во пресудата за ТНТ има многу пропусти и побара да биде ослободен или предметот да биде вратен на повторно судење, затоа што на денот на објавување на пресудата бил осуден на три години затвор, а писмено е осуден на три години и шест месеци.

Back to top button
Close