Синот кој пред три дена си го уби таткото двапати бил хоспитализиран во Психијатриската болница „Бардовци“

Дваесет и осумгодишниот А.П. пред три дена во семејниот дом го убил својот 75-годишен татко, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож по телото и главата, информираа од Јавно обвинителство.

Кога оштетениот се обидел да се одбрани, движејќи се кон ходникот, паднал на подот, а осомничениот продолжил да му нанесува убоди по целото тело додека не починал.

На убиецот му е одреден притвор за непречено водење на постапката и обезбедување на негово присуство.

Сепак, официјалните информации се уште не ја кажуваат главната позадина на убиството.

Како што пренесе Фокус, синот бил со нарушена психичка состојба и бил хоспитализиран во Психијатриската болница „Бардовци. Овие информации з ги потврдил и актуелниот директор на болницата, Мухин Арифи.

„Пациентот е по втор пат хоспитализиран во нашата болница како доброволна хоспитализација. Пациент кој е на доброволно лекување според протоколите може да ја напушти болницата на свое барање, сам или во придружба на член од семејството.Во конкретниот случај, пациентот на пробен престој е земен од страна на таткото“, истакна во изјава за „Фокус“, Арифи.

повеќе

Back to top button
Close