Во невремето на Крим исчезна едно лице, четворица се повредени, половина милион без струја

Во невремето што го зафати Крим, едно лице исчезна, а четири се повредени, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Припадниците на тоа Министерство цела ноќ ги евакуирале луѓето од поплавените куќи и им пружале помош.

Денеска на Крим е неработен ден поради невремето, а надлежните служби ги предупредија граѓаните дека се очекуваат урагански ветрови и дожд со снег.

Советникот на лидерот на Крим, Олег Кријучков синоќа соопшти дека речиси половина милион жители на Крим останале без струја поради нeвремето.

Back to top button
Close