Бујар Османи има проблем!?

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска е во Брисел на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Алијансата. На пат кон Брисел тој за “Политико” ја потврфди веста дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров доаѓа во Скопје.

Македонија ги издала сите потребни визи и дозволи за патување и сега е во преговори со Грција и Бугарија за да се обезбеди прелет на авионот со кој доаѓа Лавров. Неговата земја е под санкции кои вклучуваат и забрана за прелет но тие санкции не важат кога станува збор за меѓународни организации каква што е ОБСЕ чија членка е и Русија. Како ќе одлучат Софија и Атина веројатно ќе биде појасно на средбите во неформалниот дел на денешниот состанок во Брисел. Дополнително главоболка за Османи се и реакциите на некои министри на ЕУ од Балтикот, како и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба кои би можеле да одбијат да присуствуваат на состанокот во Скопје поради доаѓањето на Лаворов што за Османи како домаќин не би била пријатна ситуација. „Сè уште работиме на тоа да ги донесеме сите во Скопје“, им рекол Османи на колегите од Политико – додавајќи дека ќе продолжи да се залага за тоа денеска на состанокот на НАТО.
жВчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји побарале средби со него за време на министерскиот состанок во Скопје закажан за 29 и 30 ноември.
„Очигледно Бугарија ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор – ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме“, рече Лавров пред новинарите.
„Веќе има неколку барања за средби – вклучително и од западни претставници“, рече Лавров а не ја исклучи ни можноста да се сретне со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
„Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме“.
Кои се земјите кои побарале средба со Лаворов е информација која засега ја знае Бујар Османи како домаќин на состанокот но одби да даде повеќе информации за тоа кој се би се видел со Лавров.

Борјан Јовановски

Back to top button
Close