COP28: Иницијатива за тројно зголемување на капацитетот на нуклеараната енергија до 2050 година
Дваесетина земји, меѓу кои САД, Франција и Обединетите Арапски Емирати, повикаа денеска на Конференцијата на ОН за климатски промени – COP28 во Дубаи, за тројно зголемување на капацитетот на нуклеарната енергија до 2050 година.
Специјалниот пратеник на САД за клима Џон Кери, најави дека земјите поддржувачи на иницијативата ќе потпишат заедничка декларација.
Предвидено е тројното зголемување да биде во однос на количината на нуклеарна енергија во 2020 година.
Идејата е да се намали зависноста од јаглен и гас – што е главна тема на годинашната климатската конференција на ОН во Дубаи.